Уште еден во низата напади на сестрите Кардашијан. Прочуената манекенка ги обвини дека наметнуваат искривени стандарди за убавина
„Посетувањето на пластичен хирург стана сосема нормално нешто. Навистина не ги сакам тие филери со кои хирурзите ги пополнуваат лицата на жените. Поради нив изгледаат како верверици“ – истакна 70-годишната британска манекенка.
Супермоделот Твиги, која најголемата слава ја достигна во текот на 60-тите години и беше една од најплатените и највпечатливи модели, ги изнесе своите остри критики на сметка на сестрите Кардашијан.
„Хируршките интервенции од 2016 година пораснаа за 41 процент, што е загрижувачка информација.“
За порастот на пластичните зафати кривицата ја пронаоѓа во семејството Кардашијан. „Тие се платени да рекламираат таков изглед и такви интервенции. Не ми се допаѓа како изгледаат, на нив се е пластично и лажно.“
„Многу девојки по нивниот пример подлегнуваат под нож и изгледаат неприродно и нималку привлечно. Тие им се идоли, треба да бидат одговорни и да водат сметка за тоа каква слика и порака им испраќаат на младите девојки“, заклучи таа.