Категории

Легендата е повторно жива – ова е култното BMW на Елвис Присли!

Откако го пронашле во штала, тимот на BMW потполно го обновил моделот BMW 507 roadster, којшто своевремено му припаѓал на Елвис Присли додека тој служел војска во Германија.
Автомобилот има убава приказна зад себе и за прв пат ќе биде претставен на Pebble Beach изложбата во Калифорнија.

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-01

Ова е инаку еден од поретките BMW автомобили и е изработен во само 252 примероци, а славниот пејач поседувал два BMW 507 модела.

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-02

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-03

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-05

Инаку, Елвис Присли овој roadster го купил во 1957-та година, и тоа како “половно” возило, бидејќи автомобилот првично бил користен како изложбен модел на Саемот за автомобили во Франкфурт, а подоцна и како новинарско тест возило.

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-06

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-07

Ова BMW 507 оригинално имало бела боја на каросеријата, но Присли побарал да се обои во црвено бидејќи обожавателките со кармин му ги оставале своите телефони. Исто така, Елвис го заменил и оригиналниот мотор со осумцилиндричен агрегат од Chevrolet.

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-08

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-10

Германскиот бренд сепак одлучил за во обновениот автомобил да го врати оригиналниот 3.2-литарски V8 во комбинација со 4-степена ZF автоматска трансмисија.

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-12

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-13

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-14

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-15

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-16

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-18

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-19

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-20

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-21

Па, ова е дефинитивно едно “вистинско” BMW!

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-22

avtomobilot-na-elvis-prisli-bmw-23

Прегледи:
459
Објавено на:
04.08.2016