Категории

Лејди Гага изгледа непрепознатливо во кампањата за накит на Tiffany & Co.

Поп ѕвездата изгледа префинето и елегантно во кампањата на луксузната америчка куќа за накит Tiffany & Co. која со своите дела мами воздишки кај дамите уште од 1837 година.
Симболот за луксуз Tiffany & Co., во едиторијалот за својата најнова кампања ја угости популарната музичка ѕвезда Лејди Гага која пред објективот на славниот Дејвид Симс, делува речиси непрепознатливо со парчињата од колекцијата именувана како HardWear, која се состои од грациозни и впечатливи ѓердани, обетки и бразлетни.
„Сметам дека накитот, како и останатите модни додатоци можат да дадат волумен во вашата појава. Погрешно е мислењето дека накитот мора да ви го купува само вашиот партнер, жените можат да си го купуваат сами за себе и да го носат со гордост.“ – изјави Гага по повод промовирањето на кампањата.

Прегледи:
479
Објавено на:
08.04.2017