Емотивен настап проследен со громогласен аплауз од присутните синоќа имаше познатата пејачка Лејди Гага, која ја отпеа баладата „Till It Happens to You“, од документарниот филм „Ловиште“, кој зборува за огромниот број случаи на силувања во студентските кампуси.
Пејачката и самата била жртва на силување кога имала само 19 години, но не сакала тоа да биде изразено преку нејзините дела. Сепак, сите чувства излегоа на површина за време на вчерашната изведба, а на сцената се појавија и голем број девојки што преживеале сексуални напади и на нивните раце беше испишана пораката: „Не е твоја вина“.
https://www.youtube.com/watch?v=vunc0M-BFgg