Категории

Лејди Гага со ѓердан од 30 милиони долари на доделувањето на Оскарите!

Филмот „Green Book“ (Зелена Книга), вистинската приказна за пијанистот, во раните утрински часови ја освои главната награда на Академијата за филмски уметности и науки, Оскар за најдобар филм.

Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон кој веќе има освоено Оскар за најдобра режија во 2014. година за остварувањето „Гравитација“ и оваа година ја доби наградата во истата категорија за филмот „Рома“. Филмот доби оскар и за најдобар странски филм.

На црвениот тепих прошетаа бројни познати актери и пејачи, покажувајќи го целиот холивудски гламур. Една од добитничките на Оскар, американската пејачка и актерка Лејди Гага на доделувањето носеше скапоцен ѓердан, вреден 30 милиони долари, кој никој не го носел повеќе од половина век.

Имено, ова парче накит пред Гага го носела Одри Хепберн, а станува збор за ѓердан со 128-каратен жолт дијамант.