Категории

Лекарите советуват: Пешачењето е поделотворно од трчањето

Научниците врз основа на овие примери заклучија дека кога е во прашање здравјето, најмногу може да се постигне со редовно, но умерено вежбање.

Кампањското вежбање не е делотворно. Само редовното и интензивно спортување во континуитет е ефикасно за здравјето. Ова го тврди тимот на научници од Универзитетот во Северна Каролина, после извршеното истражување во кое учествувале 300 учесници во средна годишна доба. Во текот на истражувањето испитаниците биле поделени во четири групи, секоја група добила задача да прави одреден тип на вежби.

Една група редовно пешачела, друга џогирала, трета интензивно правела телесни вежби, додека четвртата воопшто не се занимавала со спорт. Припадниците на група која трчала и оние кои редовно вежбале, видно изгубиле на тежина, а нивото на триглицериди и холестерол им било неочекувано ниско. Но за жал само додека биле физички активни.

„Веднаш по престанувањето со вежбањето, во краток рок започнаа да се здебелуваат. Количината на масно ткиво се зголеми за осум проценти, додека непожелните маснотии во крвта нагло пораснаа.“ – изнесува др. Крис Сленч, член на истражувачкиот тим.

Изненадувањето било уште поголемо кога ја анализирале групата која пешачела. Позитивните ефекти постигнати со оваа физичка активност биле присутни уште долго после престанувањето. Научниците врз основа на овие примери заклучија дека кога е во прашање здравјето, најмногу може да се постигне со редовно, но умерено вежбање.

„Тоа е исто како кога ќе престанете со земање на лекот. Некои лекови престануваат да делуваат побрзо во однос на другите. А со тоа, секоја личност треба да пронајде оптимална количина на вежби за долготрајно да си обезбеди добро здравје.“ – изјави доктор Сленч.

Прегледи:
633
Објавено на:
03.06.2020