Во четвртокот на 28 јануари 2016, Леонардо Ди Каприо беше во Ватикан, во посета на Папата, но не разговараа за филмови, туку за нивната заедничка страс – екологијата.
Разменија подароци, поразговараа на италијански и дискутираа и разменија загриженост за индината на нашата планета, а ДиКаприо му даде и чек од неговата добротворна фондација.
„Ваше Блаженство, Ви благодарам за доделување на оваа приватна аудиенција со вас.“- му се обратил Леонардо, кога пристигна во Апостолксата палата и му го бакна прстенот.
Подоцна, Ди Каприо му подари на Папата Френсис книга од дела од холандскиот сликар од 15 век Ероним Бош, и муја покажарепродукцијата на Градина на земните задоволства, раскажувајќи дека висела над неговото креветчето како дете.
Објаснувајќи му дека првично не го сфаќал нејзиното значење, и го опишува на следниов начин:
„Како дете не разбирав што всушност значи, но низ моите детски очи ја претставуваше планетата, утопијата која ни беше дадена, пренаселеноста, претерувањето и во третиот панел го гледам зацрнетото небо, коге за мене ја претставува еколошката катастрофа што и се случува на земјата.“
Папата е позант по неговите залагања за создавања на „позелен“ свет, а Леонардо е познат борец по тоа прашање. Неговата фондација често донира средства во оваа кауза, а на Светскиот Економски форум во Швајцарија, соопшти дека ќе се донират 15 милиони долари во еколошки цели.
Франсис му даде на Ди Каприо примерок од Laudato Si и неговиот предходен документ The Joy of the Gospel.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=XwVS5Ys454A[/tube]