Во последните неколку недели младата манакенка Џулијет Перкинс е поврзана низ медиумите со Леонардо Ди Каприо. Најпосакуваниот ерген во Холивуд, Ди Каприо пред половина година се раздели со долгогодишната девојка Нина Агдал, а за Перкинс велат дека е неговата нова девојка.
Од тогаш познатиот глумец, но и секогаш бил поврзуван со различни жени, но сега медиумите тврдат дека манакенката Џулијета Перкинс и Леонардо се во врска, па дури и дека таа би можела да биде негова избраничка.
Како што наведуваат медиумите, сомнежите се зголемиле откако нивните дружби биле сè почести. Инаку, Џулијета има многу успешна манакенска кариера, а дружењето со најпосакуваниот ерген во Холивуд со сигурност ќе и донесе уште поголема слава.
Извор : Попара.мк