Категории

Леонардо ДиКаприо со 23 години помладата девојка, Кијану Ривс во придружба на својата мајка

Бројни холивудски ѕвезди прошетаа на синоќешниот црвен тепих на 92. доделување во Лос Анџелес, а големо внимание привлекоа Леонардо ДиКаприо (45) и Кијану Ривс (55) во друштво на две дами.

Имено, Леонардо се појави во друштво на девојката Камила Морон (22) со која е во врска две години, што е за прв пат по 15 години холивудскиот срцекршач да се појави со некоја од своите избранички на најпрестижното доделување на филмските награди.

Тогаш друштво му правеше Жизел Бундшен, а во меѓувреме доаѓаше само со својата мајка.

Од друга страна, Кијану Ривс (55) кој ужива во врската со уметницата Александра Грант (46) ги изненадил присутните појавувајќи се под рака со својата мајка Патриша Тејлор.

Мајката и синот се одлучиле да се појават во креации со потпис на Долче и Габана. Холивудскиот миленик избрал црно одело, а неговата мајка бело.