Категории

Лешник гнезда кои не се печат: Боженствен десерт во посна и мрсна варијанта! (ВИДЕО)

Овој ситен десерт без печење е идеален како за слава, така и за секоја друга прилика

Може да се направи и со млечни состојки доколку не постите.

 

Состојки:

  • 200 мл вода
  • 100 мл сок од портокал
  • 150 грама шеќер
  • 150 грама маргарин
  • 100 грама чоколадо

 

Ставете ги во подлабок сад на потивок оган и мешајте додека не се растопат убаво, па додадете:

  • 150 грама печени лешници (мелени)
  • 300 – 350 грама мелени бисквити

Подготовка:

  • Претходно растопената смеса оставете ја да се излади.
  • Направете топчиња и извалкајте ги во големи сецкани, печени лешници.
  • Направете вдлабнатина во средина. Потребни се уште 150 грама лешници за да се извалкаат.

 

Состојки за фил:

  • 150 мл слатка павлака (растителна ако постите)
  • 100 грама чоколадо

 

Ставетеја павлаката и чоколадото во поголем сад и гответе околу 5 минути, па оставете да се излади неколку часа.

Ставете во шприц и украсете ги гнездата.

Прегледи:
1606
Објавено на:
24.11.2019