Рускиот космонаут Јуриј Гагарин се смета за првиот човек кој ја прелета орбитата на земјината топка за 108 минути во 1961 година.
Неколку години пред револуционерниот лет на Гагарин во 1961-та година, на 3 ноември 1957 година, уличното куче Лајка беше пратено во еднонасочна мисија во вселената, станувајќи првото суштество што орбитираше околу планетата.
Тренингот на Лајка, покрај тоа што траеше само неколку дена, се состоеше од седење во симулатори за летање и од тоа да биде сместувана во сé помали кафези.
Лајка беше собрана од улиците само неколку дена пред лансирањето на Спутник 2. Спутник – првиот вештачки сателит испратен во вселената во историјата, првото патување го имаше само 1 месец порано. Оваа мисија, пак, беше со цел да се провери колку е безбедно за луѓето да патуваат во вселената и каков ефект би имало тоа патување врз нивното здравје. Лајка беше одбрана, затоа што беше куче со мирен карактер, а не беше многу голема.
Во тоа време, лансирањето на Лајка се сметаше за една од најголемите победи на Русија.