Колачи без вклучување на рерната? Да, можно е! Кокос колачите со чоколаден прелив се повеќе од лесни за подготовка, а наместо рерна потребно вие замрзнувач.
Состојки:
За тесто:
- 1 банана
- 15 урми
- 1/4 чаша кокосово масло
- 1 чаша рендан кокос
За глазура:
- 1/4 чаша кокосово масло
- 1/4 чаша мед
- 1/4 чаша какао во прав
- 1 лажица екстракт од ванила
- малку сол
Подготовка:
- За тесто: Сите состојки ставете ги во блендер и убаво изблендирајте .
- Со лажица ставете ја смесата на хартија за печење и убаво израмнете ја да биде со дебелина од еден сантиметар.
- Ставете ја во замрзнувач и направете ја глазурата.
- За глазура: Стопете го кокосово масло на тивок оган.
- Тргнете го од оган и додадете ги другите состојки.
- Истурете го врз тестото – чоколадото треба да ја покрие целата површина.
- Вратете го во замрзнувачот за да се зацврсти глазурата.