Категории

Лето е, а работните обврски чекаат на вас. Како да се ослободите целосно од стресот?

Летото секогаш нѐ асоцира на плажа, море, исончан тен, релаксирање далеку од секојдневието и реалноста. Но, сѐ што е убаво кратко трае. Веднаш по одморот, мора да се вратиме на секојдневните обврски. Адаптацијата од уживање во благодетите на летниот одмор до враќањето во брзото темпо на живот и сообраќајниот метеж по улиците претставува своевиден стрес за организмот. Покрај тоа, повеќечасовното седење во канцелариите, збиениот распоред и сите задачи кои ги носи работата акумулираат стрес во телото кој мора да биде исфрлен на соодветен начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Насобраната негативната енергија најефикасно се исфрла преку спортот, а кога станува збор за жените пилатесот е вистинскиот избор! Зошто токму пилатес?

Дишењето е клучниот елемент

Не зборуваме само за “дишење”. Пилатес вклучува бавно движење и серија вежби за правилно дишење. Можеби не сте знаеле, но големо количество на стрес се исфрла преку издишувањето на целиот воздух од белите дробови додека практикувате пилатес. Некои дури тоа го споредуваат со “цедењето на мокар пешкир”. Ниедна форма на пилатес не е комплетна без правилно вдушување и издишување. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Квалитетот е многу поважен од квантитетот

Доколку сте од оние луѓе кои сакаат сѐ што прават во животот да го направат на правилен начин, тогаш пилатесот е дефинитивно за вас. Почнувајќи од позицијата, дишењето, движењата, бројот на вежбите и количината на енергија која се троши – сѐ од наведеното треба да се направи прецизно. Токму затоа, не губете време сами изведувајќи ги делумно вежбите, бидете дел од тимот на PowerHouse Pilates.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот го предизвикува вашето тело

Токму ова е можеби најдобрата предност при практикување на пилатес. Дали степодготвени за есктремна контрола на својот ум, концентрација и фокус, а истовремено да се соочите со физичкиот тренинг? Ова е добитната комбинација на умот и материјата која работи кон целта. Супер предизвик!

Од подобрена флексибилност до подобро држење на телото, од зголемена мускулна сила до стабилизација на ‘рбетот и од рехабилитација до спречување на повредите – пилатесот им помага на сите. Дури и ако те во одлична форма и успевате истовремено да бидете и супермајка, супержена и да ја водите својата кариера, пилатесот ви е потребен барем 2-3 пати неделно со професионалниот тим на PowerHouse Pilates.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Никогаш не е доцна да се предизвикате себеси и да се уверите во своите психофизички споспобности. Вежбајте со најдобрите – почувствувајте ја магијата на пилатесот со PowerHouse Pilates!