Категории

Личноста во која ќе се вљубите, треба да ги исполнува овие 11 услови

Љубовта е емоција за која нема конкретна дефиниција, но постојат неколку нешта кои секогаш можете да ги препознаете и предвидите. Ако најдете личност која ги исполнува овие 11 услови кои ги бара срцето, тоа е добар знак дека ќе се вљубите во таа личност. 

 

1. Сличност

Сличноста е една од основните работи која одредува дали ќе се заљубиме во некого, а тоа најмногу се однесува на сличноста во ставовите и начинот на размислување.

2. Блискост

Блискоста со другите, може да биде предизвикана со поминување време заедно или преку интеракцијата со некоја личност.

3. Посакувани карактеристики

надворешниот изглед се вбројува во посакуваните карактеристики на личноста, бидејќи сите ние го бираме партнерот врз основа на тоа дали ни се допаѓа неговиот физички изглед.

4. Реципрочно допаѓање

Кога ве привлекува личнста која и вие ја привлекувате, тоа може да ја зголеми заедничката привлечност.

5. Социјално влијание

Потенцијалното здружување кое ги исполнува општите општествени норми и прифаќањето од одредени општествени групи може да допринесе да се вљубиме во некого. Или, ако личноста не ги задоволува општите општествени норми или не е прифатена од страна на одредени општествени групи, тоа може да доведе до раскинување на врската.

6. Потребата за дополнување

Ако одредена личност може да ги исполни потребите за дружење, љубов и секс, поголема е шансата другата личност да се заљуби во неа.

7. Возбуда / необичност

Да се биде во необично или возбудливо опкружување може да предизвика страст, дури и ако опкружувањето се смета за опасно.

8. Специфични карактеристики

Да се биде специфичен е карактеристика која може да предизвика исклучително силна привлечност, на пример некој дел од телото или цртите на лицето.

9. Подготвеност

Колку повеќе сакате да бидете во врска, толку пониска е вашата самопочит и веројатно ќе се заљубите.

10. Изолација

Поминувањето време насамо со некоја личност може да допринесе за развојот на страста.

11. Мистерија

Некој степен на мистерија кој е карактеристичен за другата личност, како и неизвесноста за тоа што другата личност мисли или чувствува, може исто така да допринесе за зголемувањето на страста.