Категории

Лила направи хумано дело и испрати МОЌНА ПОРАКА до фановите! (фото)

Лила Стојановска неретко е дел од хуманитарни настани и ја користи секоја пригода за да ја поткрене јавната свест на таа тема.

Така беше и деновиве кога позираше со портретот од неа, кој го направи талентираната Ана Марковска.

Овој портрет го наслика талентираната млада сликарка Ана Марковска. Практично средствата од овој портрет одат кај здружението за деца со аутизам “Во мојот свет” Драго ми е што имав можност да ја покажам мојата хуманост барем на ваков начин.

На крајот на краиштата хуманоста е особина која треба секој да ја поседува и да ја докажува. И секако да направиме нивниот посебен свет да биде и прекрасен затоа што сите сме исти под ова небо, напиша Лила и испрати моќна порака до своите фанови.

Извор :  Вистина.мк

Прегледи:
427
Објавено на:
07.05.2017