Категории

Лимон диета: За една недела исфрлете ги токсините и маснотиите од телото

Лимонот го спречува развивањето на кардиоваскуларните болести, создавањето на камења во бубрезите, анемијата, го чисти црниот дроб, го спречува развивањето на ракот, ги чисти цревата, го ослободува телото од токсини, ја спречува гладта и го подобрува имунитетот.

Лимон диета:

1 Ден

Пијте вода со лимон на празен стомак. Наутро испијте една чаша вода со лимон (околу 2 лажички лимонов сок). Направете го истото половина час пред оброкот. Јадете само здрава храна.

2 Ден

Следете ги упатствата од првиот ден. Пијте вода 30 минути пред појадокот, ручекот и вечерата. Пијте 2 до 3 литри минерална вода во која сте исцедиле 6 лимони.

3 Ден

Повторете го претходниот режим, но овој ден пијте вода за време на ручекот. Продолжете да пиете вода во текот на целиот ден.

4 и 5 Ден

Овие денови следете го режимот како што правевте третиот ден. А најважно е да не заборавите да пиете топла лимонада на празен стомак секое утро.

6 Ден

Само две шолји вода со лимон. Една чаша наутро на празен стомак и една чаша за време на ручекот или вечерата. Пијте обична вода во текот на денот.

7 Ден

Чашата топла лимонада нека ви стане навика. Ова не само што ја намалува вашата тежина туку и ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Не заборавајте да пиете многу обична вода во текот на денот за да го исчистите телото од токсини.

Прегледи:
562
Објавено на:
05.10.2021