Категории

Лимонада со вкус на диви капини (РЕЦЕПТ)

Освежете се во жешките летни денови со лимонадата со вкус на диви капини.

Состојки:

  • 200мл вода
  • 120-180гр шеќер
  • 1 гранче нане
  • 100гр диви капини
  • 1л кисела вода
  • 1 лимон сечен на кругови
  • 100мл сок од цеден лимон
  • 5-8 коцки мраз
  • 1 рака диви капини

Подготовка:

Во касерола ставаме вода и шеќер. Оставаме да проврие 1-2 минути.  Тргаме од оган и додаваме гранче нане и 100 гр капини. Покриваме и оставаме да се излади. Потоа процедуваме, а при тоа ги пасираме капините, да останат само семките во цедалката. Ја ставаме во бокал добиената течност, додаваме сок од лимон, кругови лимон, капини, ливчиња нане. Додаваме кисела вода, коцки мраз.
Сервираме во чаши и послужуваме!

Прегледи:
614
Објавено на:
16.08.2018