На минатогодишното издание на „Макфест“ талентираната Лина Пејовска се претстави со нумерата „Ако ме сакаш“, која набргу стана хит, а годинава има уште еден хит отпеан на популарниот фестивал, чие 33. издание деновиве се одржа во Штип.
Младата пејачка настапи со баладата „Нема“, а Дарко Димитров се погрижи за музиката, аранжманот и продукцијата, а стиховите се напишане од него и Огнен Неделковски.
Погледнете како звучи оваа емотивна балада во изведба на магичниот глас на Лина во нејзиниот најнов видео запис.