Категории

Лисјата му се жолти и суви?- Што да правите кога „Дрвото на Животот“ почнува да ви овенува

Зелените домашни растенија го збогатуваат просторот, го внесуваат духот на природата во него, го разубавуваат домот, го чистат воздухот и прават да се чувствуваме подобро во просторот. Исто така, негувањето на растенијата е медитативна активност која ви помага да се опуштите.

Едно од најпопуларните домашни растенија е јука или „дрвото на животот“. Освен што изгледа убаво, наликува на палма и може да прерасне од саксија во големо дрво, има и прекрасна симболика. Го претставува животниот циклус, носи младост, развој, позитивна енергија.

Кога лисјата на дрвото на животот почнуваат да пожолтуваат, се сушат и виткаат, има неколку причини, а тоа се најчестите: премногу или премалку наводнување, габични заболувања, штетници, недоволна светлина или прекумерно изложување на сонце.

Кога повеќето лисја ќе пожолтат и ќе забележите како растението се суши, важно е веднаш да се преземе акција. Прво идентификувајте ја причината! Дрвото на животот се наводнува еднаш неделно во зима и околу три пати неделно во лето. Најдобро ќе забележите кога му треба наводнување ако ја допрете земјата и процените колку е сува.

Ако сте напоиле премногу, тогаш преместете го растението на посветло место и прекинете со наводнување додека почвата целосно не се исуши, па дури потоа можете да продолжите со негата и повторно да го полевате цветот.

Не го чувајте дрвото на животот на темно место, како и премногу топло. Ова може да доведе до паѓање на лисјата. Ако сте ја направиле оваа грешка, преместете го растението на посветло место, а најдобро е да го пресадите во поголемо саксија, да го замените целосно со земја и да почнете повторно со него.

Болестите кои најчесто го погодуваат дрвото на животот се растителни пајаци, вошки и паразити. Овој проблем бара помош од експерти. Доколку проблемот е со габи и бактерии, ослободете се од оштетените делови на растението, а здравите делови од растението третирајте ги со производ препишан од стручно лице.

Листовите на растението можат да станат жолти и да се исушат кога има многу прашина на нив. Потребно е растението редовно да се брише од прашината за да може да го спроведе процесот на фотосинтеза низ листовите.

Исто така, прекумерното изложување на растението на силно сонце може да предизвика изгореници на листовите. Дрвото на животот сака светлина или топлина, но внимавајте да биде во блага сенка во текот на топлите летни денови, а не на директна сончева светлина.

Прегледи:
2191
Објавено на:
05.03.2022