Категории

Љубов ли е што ли е?

Се чудам како годините ни поминуваат пред очи, една со друга, со таква голема брзина. Зошто ли е сево ова брзање? Зошто сево ова нас ни се случува? Нас на децата кои толку многу сакаме да останиме деца, деца кои што немаат никакви грижи, кои што се толку чисти, невини , мили и безгрижни.. Зошто? Зошто баш тоа нас? Да растеме толку брзо и да ги забораваме детските денови… Но мора ете, тоа така било и така и ќе остане. Причината е во тоа што сега симпатијата се претвора во нешто подлабоко, нешто што ни ги сменува срцевите отчукувања.

Се сеќавам, во едно блиско минато пишував за доаѓањата на пролетта,за разни празници, за моето семејство , за другарството , но сега раката како да ми се тресе, а срцето како да ми бие толку силно! Не знам што да пишувам! Моите чувства сега се многу посилни од желбата да пишувам стихови и состави, чувства што ја поминуваат онаа некогашната граница. Сега е нешто ново, сега е се нешто поинаку. Сфатив, за да имаш љубов треба силно да љубиш, со сето свое срце и битие! Што е тоа што не привлекува кај другата личност од спротивниот пол? И што е тоа што ја прави личноста која ја сакаме посебна и поинкава од другите? И зошто не остануваме деца? Зошто мораме да пораснеме? Зошто?

Признавам, и самата јас немам одговор. Само можам да кажам дека и самиот оној што се обидува да ја опише љубовта е во заблуда дека може тоа да го направи.

Љубовта претставува клуч на срцето и ако погрешно ја избереш, портата не се отвара, а отварањето со сила не е пристојно. Нашата фантазија со помош на желбите го исполнува не само надворешниот изглед , туку и сите други останати карактеристики. Така се запознаваме со личноста во која длабоко се вљубуваме.

Затоа можам да речам дека „Ако љубовта живее на дното од морето, сите љуѓе би знаеле да пливаат’’.

 Георгина Ристеска

Прегледи:
596
Ознаки:
Објавено на:
17.01.2016