Категории

Лошиот секс е најголемата причина за кавги во првата година од бракот!

Многумина мислат дека првата година од бракот е најубав период кој може да го поминете со партнерот, а вушност во неа има многу проблеми. Голем дел од лѓуѓето првата годишнина ја прославуваат во солзи и тоа поради лошиот сексуален живот. 

Кога ќе го изговорите судбоносното „да“ на избраникот на вашето срце, веројатно мислите дека сега потполно ќе уживате во удобниот живот без кавги и препреки. Но, во реалноста не е баш така. Заедничкиот живот носи големи промени, па со тоа и кавгите во бракот не се реткост.

Семејните терапевти откриваат која е причината поради која паровите најчесто се караат.

Сексуален живот

Иако можеби мислите дека вашиот сексуален живот во бракот може да биде многу подобар од претходно, вистината е сосема поинаква. Сексуалниот терапевт Курт Смит вели дека многу парови во првата година од бракот имаат полош сексуален живот од претходно.

„По свадбата не е невообичаено сексуалната страст да умре и еден или двајцата партнери да станат незадоволни од својот сексуален живот“, објаснува Смит.

Недостатокот на секс во бракот може да создаде физичка и емоционална дистанца меѓу партнерите, особено ко еден од партнерите има поголемо либидо. Доколку сте забележале дека вашиот сексуален живот се влошил во бракот, не се вознемирувајте бидејќи тоа е вообичаено, но секако за овој проблем поразговарајте со својот партнер за ситуацијата да не се влоши.