Категории

Ловокрадци во Кенија ја убија последната женка бела жирафа

Единствениот примерок на женка бела жирафа во Кенија и нејзиното младенче го убиле ловокрадци во резерватот во источниот дел од земјата, соопштила тамошната организација.

Ова исклучително ретко животно не е забележано во ниедна друга земја во светот. Мртвите тела на двете бели жирафи, поради својата ретка пигментација, пронајдени се бидејќи ги убиле ловокрадци во резерватот во Гариси, во источна Кенија.

Сега остана само еден мажјак од видот бела жирафа, чија мајка ја убиле криволовци, се  наведува во соопштението.

Белата жирафа го привлече вниманието на јавноста во 2017. година кога беше за прв пат откриена во кенискиот резерват.

Белите жирафи немаат албинизам, туку генетска состојба наречена леуцизам, која е последица од недостатокот на пигмент и која е откриена и кај некои бели тигри.

Прегледи:
617
Објавено на:
12.03.2020