Категории

Љубов или страст? Како да знаете што чувствувате…

Се мачите со анализирање на Вашите чувства и не сте сигурни дали се работи за љубов или преголема страст и заради ова не сте сигурни дали треба да кажете ,,Те сакам” или не!?

Одговорете си на овие 5 прашања и ќе го донесете вистинскиот заклучок.

Се е во сексот?

Нормално дека сексуалната привлечност е битна, но хемијата која Ве поврзува во креветот многу бргу може да стане нешто од кое ќе се заситите. Ако и тогаш мислете како да ја вратите страста, тогаш се работи за страст, не за љубов.

Ги чувате тајните за себе?

Заљубените парови немаат тајни еден пред друг и подигнати ѕидови. Додека паровите кои ги врзува страста го задржуваат правото на свои тајни!

Дали сте добри пријатели?

Доколку сте пред се` пријатели кои може да се потпрат еден на друг, тогаш сте на добар пат. Врската која во себе нема темели на пријателство, нема да успее.

Чувствувате ли љубомора?

Партнерите кои се сакаат, си веруваат еден на друг, без оглед на ситуацијата. Додека тие кои ги врзува само страт, често пронаоѓаат причини да бидат љубоморни.

Очекувате ли совршеност од партнерот?

Да бидете заљубени значи да ги прифатите сите мани и несовршености на партнерот/ката. Кај оние кои има само страст очекуваат од другата страна да биде совршена.

 

Кога сами на себе ќе си ги поставите и одговорите овие прашања, точно ќе знаете дали се работи за љубов или сепак само страст.

Прегледи:
537
Објавено на:
23.07.2017