Категории

Љубовни правила кои треба да ги почитуваме во 2016 година

ljubovni-pravila-koi-treba-da-gi-pocituvame-vo-2016-naslovna-1140x713

Зачекоривме во новата година и крајно време е лошите навики да ги оставиме во минатото и да свртиме нова страна.

Затоа погледнете до кои правила треба да се држиме во новата 2016 година.

# Откачете се од поранешниот дечко…

Оној за кој се уште верувате дека е вистинскиот за вас, но и понатаму не успевате да ги решите проблемите поради кои не сте повеќе заедно.

# Престанете да фантазирате за некој кој не ве ни забележува…

Тој не го губи своето време за да размислува за вас, зошто тогаш вие да го правиш тоа за него?

# Откачете го лошиот дечко…

Оној кој ве лаже, изневерува или кој е типичен емоционален злоставувач. Верувајте тој никогаш нема да се промени.

# Дајте му до знаење дека ви се допаѓа…

Ако веќе извесен период постои некој кој ви се допаѓа, а не сте сигурни дека ситуацијата е обратна, тогаш кажете му го тоа. Не морате да бидете директна, но ако и тој има симпатии кон вас, тогаш ќе му помогнете да го направи првиот чекор.

# Дајте му шанса на некој поинаков…

Момчето можеби не е ваш тип, но никогаш не се знае. Можеби навистина пријатно ќе се изненадите.

# Оставете го оној кој ве смета само за авантура…

Се гледате веќе месеци, но тој не се труди да дознае ништо за вас. Не ве покани ниту заедно да ја пречекате новата година. Верувајте ситуацијата нема да се промени, па затоа време е да престанете да се надевате на тоа.

Прегледи:
588
Објавено на:
02.01.2016