Категории

Љубовта има ПЕТ фази, но луѓето најчесто застануваат на третата

„А мислев дека тој/таа беше за мене“ – тоа е реченица која често ја слушаме кога некој поминува низ разделба. Можеби и вие сте ја изговориле оваа реченица, можеби и неколку пати. Факт е дека сите сме мислеле дека со некого сме совршен пар.

А тогаш за миг сме останале збунети кога љубовта исчезнала. Можеби одговорот на прашање – како се случува од совршен пар да се дојде до непар, познатиот психолог Џед Дајмонд дошол до одредени заклучоци после 40-годишно истражување. Џед вели дека не е проблем да ја пронајдеме љубовта на нашиот живот, проблем е тоа што таа не може да опстане, затоа што поголемиот дел од луѓето тешко поминуваат низ сите пет фази на љубовта, и обично застануваат на третата.

Прва фаза – Заљубување
Тоа е она кога почнуваме да живееме во облак од среќа. За ова време се се крои спрема партнерот, сите наждеи и желби се насочуваат спрема него. Сега партнерот е идеална личност и недостатоци едноставно не постојат.

Втора фаза – Станување пар
Во оваа фаза љубовта станува посилна. Често во оваа фаза паровите се одлучуваат на заеднички живот. Сега влијаете на аспектите на животот еден на друг и ова е време на заедништво и радост. Често во овој период паровите се одлучуваат за деца. И тогаш верувате дека вашиот партнер е вистинската личност за вас.

Трета фаза – Престанувате да жвиеете во облак од среќа
Тоа е сега фаза кога сфаќате дека не се сакате како порано, го немате она силно чувство на љубов и среќа. Вашиот партнер станува толку предвидлив и неговото однесување ве нервира на многу нивоа. Можеби ќе посакате да се одморите од заедничкиот живот или ќе почнете да мислите дека не сте еден за друг.

Четврта фаза – Креирање на вистинска и трајна љубов
Ако ја преминете третата фаза и не ја раскинете врската, секако, вашиот ум е сега ослободен од сите илузии кои се поврзани за партнерот, личноста која е пред вас не е онаа која сте ја замислувале, туку е вистинска личност. Ги прифаќате и разбирате нејзините недостатоци.

Петта фаза – Вие двајца можете да го менувате светот
Ова е завршна фаза во која сте влегле во цврста и долготрајна врска затоа што сте ги преминале сите несогласувања и сте дошле до ослободувачкиот заклучок: вие двајца можете да промените нешто во светот. Тоа знаи дека можете да работите заедничка работа, и да најдете нешто што можете заедно да го остварите. И дури во оваа фаза можете да бидете сигурни дека личноста покрај вас е личност за вас.

Прегледи:
552
Објавено на:
15.02.2020