Мелани Кнехт и Тревор Хан го покажуваат вистинското значење на тимската работа. Овие двајца планинари кои живеат во Колорадо, заедно успеваат да ги искачуваат планините во околината откако се запознале. Кнехт е родена со спина бифида и се движи со помош на инвалидска количка, а Хан го изгубил видот како резултат на глауком, пред пет години.
Откако се поврзале поради нивната заедничка љубов кон планинарењето, парот започнал да планинари заедно. При нивните авантури, Хан ја носи Кнехт на грбот, а таа му дава насоки каде да се движи. Заедно – создаваат одличен тим кој не дозволува попреченостите со кои се соочуваат да ја спречат нивната љубов кон планините.