Категории

Љубовта му се враќа само на оној кој ќе ги направи овие нешта

Раскинувањето е една од најтешките ситуации кои му се случуваат на човек

Кога ја губиме личноста за која сме мислеле дека ќе биде со нас засекогаш, тешко ни е да помислиме дека повторно некогаш ќе почувствуваме љубов.
Важно е да сфатиме само никогаш нема да ги вратиме чувствата кои некогаш сме ги имале, но тоа не значи дека никогаш повеќе нема да бидеме способни да сакаме.

Љубовта ќе се врати – тогаш кога сте спремни да тргнете напред.
Кога ќе ја изгубите личноста која ја сакате, тешко е да продолжите напред. Но нема ништо да постигнете ако само седите и се прашувате „што би било ако би било“.
Без оглед на тоа колку тешко може да биде, морате да станите, да ја исчистите прашината од себе и да тргнете напред со својот живот. Само затоа што односот завршил, тоа не е неуспех.
Секогаш постојат лекции кои треба да ги научите од минатите искуства, без оглед на тоа колку трауматично може да биде истото.

Љубовта ќе се врати кога ќе ги промените вашите очекувања
Ниеден однос нема да биде онаков каков што сте имале во минатото. Дури и да се смирите со истата личност, нештата ќе се променат. Но тоа не е секогаш лошо нешто.
Размислете за тоа што сте очекувале од изминатите врски, можеби токму вашите очекувања биле причината за прекинувањето на врската. Можеби еден од вас очекувал премногу а другиот се трудел премалку.
Учете од вашите искуства, можеби вашиот поранешен партнер не ви дал љубов каква што сте очекувале, но можеби вашиот иден ќе го направи тоа.
Едноставно, немојте да очекувате ништо, затоа што така само си го трошите времето споредувајќи ги минатите односи со следните, на тој начин сигурно нема да ја почувствувате љубовта.

Љубовта ќе се врати кога повторно ќе ја вратите својата страст за животот
Ако срцето ви е скршено, можеби е тешко да ги видите убавите нешта кои ве чекаат, но верувајте тие се пред вас.
Наместо да трошите време на размислување за минатите спомени, создавајте нови. Направете нешто што отсекогаш сте сакале да го направите. Патувајте, пробувајте нови рецепти, одете во музеј. што и да ви падне на памет. Само немојте да седите и да размислувате како би сакале сето тоа да го направите со личноста која сте ја сакале.
Правете ги нештата кои ве исполнуваат и ќе се сретните со луѓе кои можат да ви станат ваши нови пријатели, а исто така можете да сретнете некој кој во потполност ќе го промени вашиот живот.

Љубовта ќе ви се врати кога веќе нема да ви биде потребна за преживување
Кога сте во врска подолго време, лесно заборавате каков ви бил животот пред да ја запознаете таа личност. Една од најтешките работи после раскинување е враќањето на сопствениот идентитет како поединец. Ако сакате да тргнете напред морате да го сторите тоа самите.

Прегледи:
538
Објавено на:
24.12.2019