Категории

Љубовта не треба да биде совршена за да биде вистинска

Тоа не беше едно од оние нешта за кои знаеш уште од самиот почеток. Кога ви сретнуваат погледите во просторија полна со луѓе. Кога се запознавате на забава и после неколку денови нивниот лик останува врежан во вашите мисли. Не беше случаен судир на автобуската станица, нити таков кој прави да чувствуваш пеперутки и недостаток на здив.

Тоа беше едно од оние нешта кај кои едноставно се совпаѓате. Знаеш дека тоа е личноста која ќе ти го промени животот ако си само малку похрабар. Ако им дозволиш да влезат во твојот свет и да бидат дел од него. Љубовта не е секогаш нешто спектакуларно, можеби и не треба да биде.

Можеби не мора да „кликнете“ уште самиот почеток. Можеби едноставно треба да продолжиш со својот ден како ништо да не се случило, не забележуваш, но промената во тебе се случува.
И можеби тоа не е љубов на прв поглед кога уште од првиот миг чувствувате поврзаност, или на втор или на трет..
Можеби нештото е во заедничкото растење и созревање, создавањето на заеднички спомени.
Во недопаѓањето на некои навики кои со тек на време ти стануваат пријатни. Во вљубувањето во нив како што изминуваат миговите поминати заедно.

Не мора се да биде на романтичен начин, не мора да постои романтика за твојот живот да може да се промени.
Понекогаш тоа е само начинот на кој гледаш на другите луѓе и на светот околу тебе. Понекогаш не е важно да погодиш во центарот уште од почетокот, да се вљубиш „до уши“.
Она што е важно е да уживаш додека трае – и колку што трае. Тоа е убавината во сето тоа. Понекогаш не е убав почетокот, туку додека сето тоа трае.