Категории

Љубовта од поинаков агол – Зошто всушност се вљубуваме?

Сакате некој да ве сака, и ако некој ве сака, вие се чувствувате добро. Но, она што не го знаете е дека другите ве сакаат само затоа што сакаат и вие да ги сакате. Исто е како кога некој фрла мамка за риба: не ја фрла за рибата да јаде, ја фрла за да ја фати рибата. Ошо, индиски гуру познат и како Рајнис, остана запаметен по своите мудри совети, изреки и поуки.

Тој одамна ја опиша човечката потреба за љубов, на сосема поинаков начин од оние што ги познаваме.

„Сакате некој да ве сака, и ако некој ве сака, вие се чувствувате добро.

Но, она што не го знаете е дека другите ве сакаат само затоа што сакаат и вие да ги сакате. Исто е како кога некој фрла мамка за риба: не ја фрла за рибата да јаде, ја фрла за да ја фати. Тој не сака да ги храни рибите, тоа го прави само затоа што сака да ги фати. Сите луѓе околу вас кои изгледаат заљубени, тие само фрлаат мамка за да ја фатат љубовта.

Ќе ја фрлат мамката за момент додека другата личност не почувствува дека постои можност да добие љубов.

Направиле грешка, сите мислат дека другата личност е величенствена. Во одреден момент и двајцата сфаќаат дека не добиле љубов од другиот, а потоа се појавуваат непријателства. Затоа се смета дека брачниот живот е пекол, затоа што сите сакате љубов, но не знаат како да ја дадат. Тоа е основната причина за сите конфликти. Додека не се случи она што ви го кажав, односот помеѓу мажот и жена никогаш нема да биде хармоничен, без оглед на тоа какво помирување ќе направите, без оглед на тоа каков брак имате, без оглед на правилата што ги наметнува општеството.

Единствениот начин да се направи врската подобра е да сфатите дека љуботав може само да се даде, а не да се бара. Што и да добиете е благослов, тоа не е награда за љубовта. Љубовта е дадена и сè што ќе добиете е само благослов, не е награда. Дури и ако не добиете ништо, секогаш сте задоволни што сте можеле да дадете.

Прегледи:
600
Објавено на:
17.02.2021