Категории

Љубовта сѐ уште постои? Марко Јариќ и Адриана Лима заедно во карантин! (ФОТО)

Разводот не ги спречи да останат во одлични односи, а деновите во изолација ги поминуваат заедно. Познатиот српски кошаркар Марко Јариќ пандемијата на коронавирусот полесно ја поминува покрај поранешната сопруга, супермоделот Адриана Лима и нивните две ќерки.

Американските медиуми пренесуваат дека поранешниот брачен пар повторно ги зближила пандемијата.

Семејството моментално ужива во Мајами, а многумина беа изненадени од фотографиите бидејќи Адриана и Марко долго време не се видени заедно, дури и се зборуваше дека двајцата продолжиле понатаму по разводот.

Развод по пет години брак

За потсетување, Адриана Лима и Марко Јариќ се венчаа на Денот на вљубените во 2009. година во Америка, а во бракот ги добија двете ќерки. Бракот траеше 5 години, а се разведоа во 2014. година.

Иако никој не знае во каков однос е поранешниот брачен пар по разводот, одлуката заедно да го поминат карантинот отвори простор за многу шпекулации.

Прегледи:
624
Објавено на:
05.05.2020