Категории

Луѓето го користат ChatGpt за терапија!

Помина речиси една година од ботот познат како ChatGpt, а истиот стана повеќе од популарен за рекордно кратко време.

Додека некои го користат за програмирање, решавање задачи, консултација за книги, литература и слично, други го користат за малку поинаква цел.

Имено, многу од луѓето во Америка го користат како психолог, односно за терапија.

Просечната цена во Америка за едночасовна сесија со професионалец изнесува помеѓу 100 и 200 долари додека разговорот за менталното здравје со ChatGpt е сосема бесплатен.

Сепак, експертите велат дека ChatGpt нуди основна поддршка за менталното здравје, дека не е ниту малку слично со разговорот со вистински терапевт и дека нема замена од човечко советување.

Прегледи:
206
Објавено на:
14.11.2023