Категории

Луѓето кои пијат алкохол танцуваат најубаво

Луѓето кои не пијат алкохол не се чувуствуваат удобно да танцуваат на диско подиумот и да ги покажат своите најдобри потези. Тоа се случува затоа што луѓето најчесто се срамат затоа што другите луѓе гледаат во нив.

Според истражување направено од истражувачкиот тим “The Times”, резултатите покажале дека луѓето не се срамат да танцуваат кога пијат алкохол. Напротив, тие најубаво танцуваат откако ќе испијат неколку чашки алкохол.

Во истражувањето учествувале 55 луѓе. Тие играле игра со танцување на Xbox. Оние кои најдобри ги копирале танц потезите биле наградувани. Се водело евиденција која личност колку алкохол испила во текот на вечерта и како танцувала.

Според резултатите, луѓето додека не пиеле алкохол, добиле просечно 4.400 поени на Xbox, а по шестата чашка алкохол тие имале просек од 6.200 поени.

Оттука, се доаѓа до заклучок дека алкохолот ја отстранува социјалната непријатност и затоа луѓето подобро танцуваат кога се малку пијани.

 

Прегледи:
346
Објавено на:
22.12.2017