Категории

Луѓето кои постојано водат грижа за туѓи животи и осудуваат всушност се незадоволни од својот живот

Ниедна исполнета и среќна личност не се занимава со туѓи животи. Тоа го прават само оние кои не успеале да го организираат сопствениот живот, па им е полесно да ги критикуваат другите така што на тој начин забораваат на хаосот кој владее во нивните живот.

 

Кармата е моќна. Константното осудување кога тогаш ќе го најде патот до вас, споделуваат психолозите.

Кога зборуваме за критикување на луѓето, постојат две врсти – велат психолозите.
Она кое ни е природно вродено, инстинкт кој секој човек го има и она кое го правиме свесно, секој ден, барајќи го само најлошото во луѓето околу нас.

Сигурно некогаш сте се затекнале себеси како критикувате некоја личност и создавате мислење само врз основа на една ситуација. Овој пример одлично го покажува тоа:

Замислете дека одите на семеен одмор и додека чекате лет на аеродром, забележувате жена со мало дете. Детето е немирно и создава хаос на терминалот.
Првата мисла која ќе ви падне на памет е дека мајката нема авторитет да го контролира своето дете. Тогаш забележувате дека облеката на детето е извалкана од храна и му е премала. Вие сеуште не сфаќате, но веќе сте ги забележале сите недостатоци на овие луѓе. И сега се прашувате како воопшто можат да си го дозволат овој лет ако немаат доволно пари за облека.

Сфаќате колку е лесно да почнете да осудувате други луѓе?
Не сте ја запознале оваа жена и не знаете ништо околу нејзиниот живот, но тоа не ве спречува да донесувате заклучоци само врз основа на она кое сте го виделе неколку минути и сте биле заедно на ист терминал.

Критикувањето на другите е толку лесно што голем дел од луѓето не ни сфаќаат дека го прават тоа. Ова е својствено за сите луѓе, тоа се вродени инстинкти за преживување. Спрема зборовите на психолозите, тие инстинкти ни помагаат да бидеме будни и подготвени да се браниме во било каква ситуација.

Ова е еден пример за кој психолозите наоѓаат оправдување за критикувањето на другите. Од друга страна, постојат луѓе кои свесно критикуваат други личности и го бараат само најлошото во нив.
Во тој случај, проблемот се крие длабоко во нив. Проблеми поврзани со длабока несреќа, недостаток на самодоверба или едноставно вишок слободно време.

Ниедна исполнета и среќна личност не се занимава со туѓи животи. Тоа го прават само оние кои не успеале да го организираат сопствениот живот, па им е полесно да ги критикуваат другите така што на тој начин забораваат на хаосот кој владее во нивните живот.
Во суштина ваквите личности кријат големи фрустрации и незадоволство во себе.
Кога ги оговараат другите луѓе, тие го прават тоа за да се чувствуваат подобро. Кога луѓето се незадоволни, во другите пронаоѓаат маани со цел да се убедат себеси дека се подобри.

Прегледи:
715
Ознаки:
· ·
Објавено на:
22.03.2021