Категории

Луѓето кои се вљубуваат тешко и ретко имаат една посебна особина

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ретко го даваат своето срце имаат еден посебен квалитет.

Ќе дознаеме што се крие зад тоа… Дали има причина зошто некои луѓе брзо и често се заљубуваат – додека на други им треба многу повеќе време да се отворат? Да, тоа навистина постои. Студија на Универзитетот во Ватерло во Канада поблиску го испита феноменот и излезе со интересен резултат. Според германскиот „RTL“, канадскиот истражувачки тим открил дека луѓето кои ретко се заљубуваат се поинтелигентни.

Каква врска има едното со другото?
Научниците имаат неколку објаснувања, а главната теза е дека на мажите и на жените со висок коефициент на интелигенција им е потешко да го дадат своето срце и да се отворат, пренесува MissHealth.

-Интелегентните луѓе се поскептични и поинтензивно ги анализираат сопствените чувства, како и чувствата на друга личност.
-Потешко им е да обработуваат негативни искуства во убовта и да ги остават зад себе.
-Двете карактеристики значат дека интелигентните луѓе честопати изгледаат далечни и недостапни кога излегуваат.
-Тие често носат свесна одлука да бидат сами, имаат големи барања од себе, а со тоа и од потенцијалниот партнер. Ако сте од оние кои ретко се заубуваат, тоа апсолутно не е лош знак и сигурно нема причина да се сомневате во себе. Напротив, зборувајте во прилог на вашата интелигенција!

Прегледи:
491
Објавено на:
04.07.2021