Категории

Луѓето најмногу уживаат во сексот во овие години од животот!

Ако мислевте дека во дваесеттите години се искусува највозбудливиот и најинтересниот сексуален живот, грешите!

Испитувањето кое го спровел порталот Лумен покажало дека личностите постари од педесет години во таа возраст доживуваат највозбудлив секс во животот. Тоа е така поради фактот што секој човек во подоцнежните години развива поголемо ниво на самодоверба, особено кога станува збор за активностите во креветот, поради што сексот е многу позабавен и подобар од претходно.

Бидејќи во тој период од животот престануваат да се грижат за изгледот и евентуалните грешки во креветот, личностите во позрелата возраст се опуштени и отворени кон нови пози и зачинување на сексуалните односи, а во прилог им оди и фактот што децата им се веќе постари, имаат стабилни финансиски примања и немаат проблем да се предадат на активностите во спалната соба.

Поради тоа, 10% од испитаниците откриле дека либидото им пораснало во тоа доба, додека поголемиот дел од нив признале дека сега многу полесно се опуштаат на состанците и најчесто уште по првиот состанок одат до крај. Исто така, повеќе од третина од испитаниците потврдиле дека имаат сексуален однос уште во текот на првите три состаноци.

Прегледи:
727
Објавено на:
28.05.2019