Категории

Луис Хај порачува: Однесувај се како веќе да поседуваш сѐ што посакуваш, така ќе ја привлечеш среќата

Таа целиот свој живот го посвети на учењето за другите како да пронајдат спокој и да живеат исполнет живот.

Таа беше една од најпознатите мотивациони говорник и авторка на неколку книги. Тврдела дека една работа која може да помогне во преминување дури и на најстрашните проблеми, е љубовта спрема себеси. Со своите техники на исцелување и афирмацијата, излечила милиони луѓе ширум светот.

Нејзините книги помагаат во ослободување од стресот и стравот и сите непријатни емоции. Иако имала тешко детство таа успеала да се избори во тоа. Животот во нити еден момент не бил нежен со неа, но таа сепак успеала од секоја ситуација да го извлече најдоброто. Таа со помош на психотерапија, визуелизација и афирмација успеала да го излечи дијагностицираниот рак. Според нејзините зборови, никогаш не пиела лекови затоа што не верувала во нивното дејство.
Ви ги донесуваме едни од нејзините најпознати афирмации на оваа неверојатна жена. Ако ги повторувате секој ден, ќе почнете да верувате во тоа што го зборувате а ќе почнете и да живеете според тие принципи. Нека овие зборови ви дадат сила, утеха, исцелување и љубов.

-Животот ме сака
-Се што се случува е добро. Сите ситуации, какви и да биле, се случуваат за мое добро. Исходот од се е добар. Сигурна сум.
-Секоја денешна мисла ја создава иднината
-Во процес сум на позтивна промена
-Си простувам себеси за грешките и се ослободувам
-Кога ќе му кажам на животот „Да“ и тој ми возвраќа со „Да“
-Имам моќ да ги преминам сите поставени граници
-Верувам во животниот тек
-Кога си простувам себеси, полесно му простувам на другите
-Болката ја оставам зад себе
-Спремна сум за чудата кои ме чекаат во животот
-Се што треба да знам, ќе биде откриено во вистинкиот момент
-Го оставам минатото зад мене
-Само доброто може да дојде во мојата насока
-Секој со кого ќе се сретнам денес ќе ги има само најдобрите намери кон мене