Светскиот шампион во трки во Формула 1, Луис Хамилтон ја посвети својата пол-позиција на белгиското првенство во спомен на актерот Чадвик Босеман, кој за жал почина само на 43 години. Хамилтон му оддаде почит на Босеман со тоа што ги прекрсти рацете на градите во „Wakanda“ поздравот од Блек Пантер, улогата на суперхеројот во Марвел за која Босеман е најпознат.
I want to dedicate this pole to Chadwick. What he accomplished and the legacy he left is so incredible to me. He’s inspired a whole generation of young black men and women and provided them with a true superhero to look up to. Rest in power my friend.#WakandaForever #blackpanther pic.twitter.com/M7EgGess9p
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) August 29, 2020
Босеман почина во сабота (29 август 2020) по четиригодишна борба со рак на дебелото црево, а неговата смрт беше објавена само неколку часа пред Хамилтон да ја освои 93-та пол позиција во својата кариера. Оваа вест го потресе целиот свет и сите медиуми и познати личности шокирачки објавуваа и жалеа за прерано починатиот актер.
Pole for @LewisHamilton at Spa – and a new track record 🚀
Listen as he dedicates number 93 of his career to the late Chadwick Boseman #BelgianGP 🇧🇪 #F1 pic.twitter.com/OjOZ7760gP
— Formula 1 (@F1) August 29, 2020
Хамилтон – кој се случи да биде единствениот црн возач во Формула 1 во историјата – повторно ги декласираше своите противници околу патеката, завршувајќи на 0,5 секунди од неговиот соиграч во Мерцедес, Валтери Ботас на патеката Спа-Франкоршамп.
По завршувањето на квалификациите, се возеше кон пит-лентата и можеше да се слушне преку неговото радио велејќи: „Toa беше за Чадвик Босeман, човеку! Почивај во мир.”
Потоа тој го изведе иконскиот поздрав што го прослави Босеман во филмот Марвел додека излегуваше од неговиот автомобил.
Хамилтон подоцна рече дека многу бил погоден од веста за смртта на Босеман и дека тоа го поттикнало да настапи и да се квалификува на врвот на мрежата во спомен на починатиот актер.
#WakandaForever #BlackPanther