Многумина зборуваат дека лутите намирници како што се лутите пиперки ги топат килограмите, но дали е тоа така?
Сигурно сте слушнале од многумина дека лутата храна има многу позитивни карактеристики за нашето тело и ни помага да ги изгубиме килограмите.
Нутриционистите тврдат дека во лутата храна има состојка наречена капсаицин. Тој го забрзува метаболизмот, ги шири крвните садови и доведува до побрзо трошење на мастите. Исто така ја зголемува топлината во телото, а тоа предизвикува потење и на тој начин се исфрлаат токсините.
Сепак, нутриционистите истакнуваат дека само дејството на капсаицинот не е доволно за да губиме килограми. Количината на капсаицин која ја внесуваме со лутата храна е многу мала и може само да му помогне на телото при губењето на килограмите, но мора и дополнително да се потрудиме доколку сакаме вагата да покаже помал број.
Исто така, нутриционистите не препорачуваат зголемување на количината на лута храна, затоа што тоа може да доведе до проблеми со желудникот.