Категории

Лутината поминува, разочарувањето никогаш

Нашата духовна сила не доаѓа од комфорот, туку од непријатноста и болката со која се сретнуваме. Тони Робинс е американски психотерапевт, писател и мотивациски говорник. Тој е човекот кој ги надминал своите граници и многу тешкиот живот. Ова се некои од неговите најдобри реченици кои можат да ни помогнат, да ја вратиме својата самодоверба:

Проблемите и среќата не се поврзани. Грешна е идејата дека не треба да имаме никакви проблеми. Заменете ги очекувањата со благодарност и вашиот свет веднаш ќе се промени. Оваа планета е мое игралиште. Љубовта е моето наследство. Кога се лутиме повеќе од 30 сек, остатоците на таа емоциjа остануваат во телото 5 часа.

Уништете го змeјот (проблемот) додека е уште мал и сладок, бидејќи во спротивно, ќе се претвори во големо чудовиште и ќе го уништи вашиот град. Не можете нешто да подобрите, додека не признаете дека нешто не е во ред. Не се мерете себе си со успесите на другите луѓе. Мерете го својот успех со својот потенцијал и способности. Aко се мерите себе си според достигнувањата на другите, ќе ги намалите и вашите очекувања кон себе.

Мажите ја превземаат одговорноста за состојбата на жената (позитивно или негативно). Повеќето луѓе знаат да го достигнат посакуваното, но не и да уживаат. Многу ретко човекот не посакува само нешто, туку е и подготвен да направи се’ што е можно тоа и да го добие. Значењето и внатрешната содржина на јунакот, се одредува според значењето и силата на анти- јунакот. Кога го казнувате својот партнер, го уништувате вашиот однос.

Можете да се борите против темнината или можете да го вклучите светлото. Страдаме кога се бориме со стварноста. Не можете да им дадете благослов на другите, ако не го чувствувате својот благослов.

Секоја мисла која ја имаме, секоја одлука која ја носиме, произлегува од нашите уверувања и вредности. Вредностите се емоционални состојби кои или посакуваме да ги зголемиме или сакаме да ги избегнеме. Вредностите управуваат со нашите одлуки. Одлуките ја формираат нашата судбина. Не сме свесни за многу наши вредности. Вашето лично страдање расте како сложена камата. Не можеме да страдаме сами, а да не им наштетиме на другите. Личноста не се развива кога се’ оди добро. Таа се формира преку потешкотии.

 

 

Извор: pult24

Прегледи:
741
Објавено на:
13.03.2020