Категории

Мафини во форма на новогодишна елка

Новата година  веќе пристигна, а со тоа и новите почетоци и успеси.

Многу луѓе почетокот на новата година го прославуваат со своите најблиски. Не мора да купувате подароци. Можете со мал, сладок гест да ги израдувате и да ги направите многу среќни.

На пример, направете креативни мафини, во форма на новогодишна елка, кои ќе ги воодушеват луѓето околу вас како и со изгледот, така и со вкусот.

Измесете тесто за вашите омилени слатки мафини и испечете ги. Ставете ги во златни или црвени корпички за да бидат во духот на празниците. Изматете шлаг, додадете зелена прехранбена боја и со помош на шприц направете елкички како на фотографијата. Украсете ги со ситни бонбони и ставете ѕвезда на врвот што може да се јаде. Пријатно јадење.