Доколку веќе се чувствувате совладани од чувството на магија поради надоаѓањето на зимата, Попова Шапка е местото што го барате, местото коешто ќе ја долови Вашата замислена бајка.
Облечете нешто потопло, наминете до божествените убавини и препуштете им се на блескавите глетки коишто ќе Ве освежат и ќе Ви вдахнат душевен спокој.