Категории

Мајка Тереза прогласена за светa

Мајка Тереза, којашто животот го посвети на најсиромашните отфрлените, поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пред ја прогласи во неделата за светица на литургијата на Плоштадот на свети Петар во Рима, којашто ја следеа околу сто илјади верници, и во присуство на бројна делегација од Македонија.

„Ја прогласуваме благословена Тереза од Калкута за света и ја ставаме на листата на светци, наложувајќи да биде почитуваната од целата Црква“, објави папата Франциск.

Папата ја прогласи за света откако Ватикан призна две нејзини чуда, и двете поврзани со излекување на болни, едното во Индија, кое некои скептици го оспоруваат, а другото во Бразил. Кон крајот на 2002 година комисијата на Ватикан призна дека една Бенгалката Моника Бесра, која имала тумор на стомакот, оздравела откако и се молела на мајка Тереза. Минатата 2015 година во декември признаено е другото нејзино чудо, заздравувањето на Бразилец кој во 2008 година се опоравил од тешка инфекција на мозокот. Се очекува тој Бразилец со сопругата да присуствува на прогласувањето на мајка Тереза за светица.

Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква. Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица беше одржана на плоштадот „Свети Петар“ во 2003-та година, на која присуствуваа над 300.000 верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и македонска делегација, предводена од покојниот претседател Борис Трајковски.

На канонизацијата на Мајка Тереза присуствуваа многубројни верници и високи гости од целиот свет. Како земји на нејзиното потекло, раѓање и мисија, Македонија, заедно со Албанија и Индија имаа посебно место на оваа свеченост.

Мајка Тереза почина на 5-ти септември 1997 година, во 87 година од животот. Нобеловата награда за мир ја доби 1979 година, поради нејзината хуманитарна работа. Родена е на 26 август 1910 како Агнес Гонџа Бојаџиу во Скопје. Името Мајка Тереза го носи од 18-та година. Во Индија, преу Даблин каде што кусо се задржува во манастирот на Лоретските сестри, се преселила на 19 години, во 1929 година, а во 1946 го основа редот „Мисионерките на милосрдието“ кој сега во над 130 земји обединува 4.500 сестри. Половина век мајка Тереза во Калкута и во други делови на светот им помагаше на болните, сиромашните, сираците. Државјанка на Индија е од 1951 година.

Извор: Макфакс

Прегледи:
350
Објавено на:
04.09.2016