Категории

Мајка вежбаше во текот на целата бременост, го покажа рамниот стомак 10 дена по породувањето

Мајка, која вежбаше со своето синче во текот на целата своја втора бременост, го покажа рамниот стомак 10 дена по породувањето. Таа не само што продолжува да вежба со 2-годишниот син, туку и го вклучува своето новороденче во тренинзите.

02

Кристи Ардо имала 56 кг пред да забремени со второто дете, а достигнала тежина од 70 кг пред да се породи. Но, упорната фитнес фанатичка брзо ја намалила тежината добиена во бременоста и сега, осум недели по породувањето, ѝ преостануваат уште 3 кг за да си ја врати тежината од пред бременоста.

03

04

05

 

Кристи започнала да вежба покрај своето прво дете веднаш по неговото раѓање. „Одеднаш морав да пронајдам начин како да се грижам за моето здравје, истовремено грижејќи се за бебе. Поради недостигот на сон ми беше тешко да најдам време и енергија“ – рекла Кристи, додавајќи дека не сакала да го остава своето бебенце за да оди сама во фитнес сала, па поради тоа започнала да вежба дома заедно со него.

„Минувањето време со него ми беше приоритет. Еден ден го ставив до мене и започнав да правам склекови, а тој се кикотеше цело време. Тоа ми го направи тренингот забавен и пријатен. Сега го користиме тоа време за да се поврземе еден со друг“ – објаснила таа.

Прегледи:
678
Објавено на:
07.09.2016