Категории

Мајката која природно забремени со 5 бебиња сними неодолива фотосесија со своите малечки

Ким Тучи сними неодолива фотосесија со своите пет новороденчиња. Неверојатната мајка, која природно забремени со пет деца со насмевка позираше покрај своите чеда. Бременоста на Тучи е една на 60 милиони.

На останатите фотографии, 9-неделните сестрички Тифани, Пенелопе, Беатрикс, Алисон и нивниот брат Кит мирно лежат и спијат во специјално направени креветчиња.

01 (1)

 

01

02 (1)

02

03 (1)

03

26-годишната Австралијка и нејзиниот сопруг Воун им посакаа добредојде на своите пет деца на крајот на јануари, откако Ким се породи пред да влезе во 30. недела од бременоста.

04 (1)

Парот, кој има уште две поголеми ќерки, отсекогаш посакувал син. По месеци неуспешни обиди за зачнување, во март минатата година, Ким дознала дека има ендометриоза, дека нејзините црева биле слепени за лузната од претходниот царски рез и дека имала зголемен десен јајник.

Сепак, тие продолжиле со обидите за зачнување. Неколку месеци подоцна, Ким забременила, но не ни сонувала дека во неа ќе се родат 5 животи одеднаш. На првиот преглед со ултразвук, таа ја добила среќната вест.

„Главната докторка дојде да ме прегледа и започна да брои ЕДНО, ДВЕ, ТРИ, ЧЕТИРИ, ПЕТ!!! Дали слушнав правилно? ПЕТ? Нозете започнаа да ми се тресат неконтролирано и сè што можев да направам беше да се смеам. Време е да му се јавам на сопругот. Мислам дека не ми веруваше на почетокот, но брзо допатува до собата за ултразвук. Можев да му ја видам возбудата на лицето кога ми рече: Можеме да го направиме ова“ – напиша Ким на својата страница на Facebook.

На Ким ѝ била дадена можност да задржи само две од бебињата за да им даде најдобри шанси за живот, но таа одбила и ги родила сите. И петте бебиња се во одлична здравствена состојба.

Во 29. недела од бременоста, Ким сними прекрасна фотосесија на плажа, со која привлече големо внимание.

04

05 (1)

05

06

07

08

Прегледи:
546
Објавено на:
10.05.2016