Категории

Мајката на Болт сака тој да се смири и да основа семејство

Усеин Болт планира да оствари троен успех на Олимписките игри во Рио, но неговата мајка има сосема други желби и планови за неговата иднина.

“Се надевам дека ќе се смири, ќе се ожени и ќе основа свое семејство”, изјави Џенифер, мајка на најбрзиот човек во светот.

Таа додаде дека и самиот Усеин и рекол дека постои можност за такво нешто, па таа навистина се надева дека ќе го оствари тоа.

На прашањето какво е чувството да се биде мајка на најбрзиот човек во светот, Џенифер одговори дека секогаш е преплавена со емоции кога настапува син и и дека понекогаш дури и заплакува.

“Тоа се солзи радосници. Навистина е неверојатно чувството да знаете дека најбрзиот човек во светот е вашиот син. Многу се радуваме на тоа, даваме интервјуа, шетаме на разни места, луѓето не застануваат на улица… Навистина е неверојатно”, додава мајката на Болт.

Прегледи:
448
Објавено на:
14.08.2016