Категории

Мајки, посветете си време на себеси – 9 нешта кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

Многу мајки го занемаруваат своето емоционално здравје. Било тоа да е поради фокусирањето на своите деца и сопруг, или идеата за соочување со емоциите ви доаѓа премногу.

Насочени сме на екое подрачје на нашиот живот за да го организираме, исчистиме и поправиме, но многу ретко на нашите емоции. Овие совети се одличен почеток кон подобро емоционално здравје и подобар живот за вас и вашето семејство.

Одвојте време за себе
Ако сте опкружени со децата 24/7, тоа вистина може емоционално да ве исцрпи. Секогаш одвојте време за себе за здрав разум и емоционално здравје. Ова е добро не само за вас туку и за сите околу вас.

Јадете што поздраво
На вашето тело им се потребни хранливи материи за да остане здраво. Не можете да јадете слатки по цел ден и да очекувате дека ќе можете да се носите со било што ќе ви застане на патот. Оптималната диета која е богата со зеленчук, влакна и овојшје е најдобра опција. Не заборавајте да пиете и многу вода.

Одвојте време за медитација
Речиси е невозможнно да медитирате со вриштењето на децата но ќе ви помогне да останете емоционално здрави. Да го разбистрите вашиот ум и да се сконцентрирате на она најважното. Можете да го правите тоа додека се туширате или додека децата појадуваат, или да пронајдете други начини кога можете да го искористите малкуто слободно време за вашето ментално здравје.

Запишувајте ги своите чувства
Исфрлете на хартија се што чувствувате, ќе ви биде полесно.

Разговарајте со пријател
Понекогаш нашите пријатели се единствените кои можат да ја разберат нашата лудост кога разговараме. Понекогаш повикувањето на пријателите е најдоброто што може да се направи за емоционалното здравје.

Занимавајте се со некое хоби
На нашиот мозок му е потребно нешто кое го сакаме за да се фокусираме кога нештата ќе тргнат кон лошо.

Прегледи:
587
Објавено на:
16.12.2020