Категории

„Мака“ корен – Состојка која е природен афродизијак, го зајакнува телото и ублажува менструалните болки

Коренот на растението Мака (позната како Maka, Macha и Makka) веќе долго се користи поради своите лековити и хранливи состојки.

Коренот на растението Мака е особено добар за женскиот организам. Стотици години тој се користи во природната медицина како сретство за зајакнување на организмот и ефикасно се бори против менструалните болки и мачнините кои настануваат во текот не менопаузата.

Оваа супер-намирница ја должи својата слава и на малку поинаквите особини – оваа билка е еден од најсилните афродизијаци и позитивно влијае на нивото на либидото.

Коктел кој содржи корен од Мача растението е познат кај народот како „коктел на љубовта“. Овој напиток ја разгорува фантазијата и сетилата. Тој е вреден извор на протеини, содржи есенцијални амино киселини и растворливи диететски влакна.
Една лажица Мака корен во прав ја зголемува енергијата и обезбедува ситост со часови.

Благодарение на хранливите состојки, телото добива неопходна количина цинк, калиум, Б витамин, витамини А,Е,Ц и есенцијални минерали. Мака е и физичко-енергетска билка и можете да ја користите наместо кафе секое утро.
Овој напиток не го стимулира мозокот како кофеинот, само дава здраво поттикнување на енергијата.
Освен тоа, овој производ им препорачува на луѓето кои секојдневно се изложени на стрес.
Со вклучување на Мака коренот во дневното мени, ефективно си помагате себеси во борбата против депресијата, затоа што оваа билка влијае позитивно на расположението.

Рецепт за напиток со Мака корен
Состојки:
-1 лажица Мака корен во прав
-1 шолја млеко по избор (кокосово, бадемово, оризово)
-1 банана
-2 урми
-1 лажица рогач
-1 лажица путер од кикири
-Прстофат цимет

Сите состојки измешајте ги во блендер. Овој супер напиток можете да го пиете и пред вежбање и физичка активност.