Екипата на Македонија Ѓорче Петров е вториот патник во Првата лига покрај прилепска Победа.
„Лавовите’’ од Ѓорче петров се враќаат во елитното друштрво отако на коло до крајот на второлигашката конкуренција денеска минимално со 1:0 го совладаа тимот на Еуромилк, додека нивниот ривал за 2.место Тетекс загуби на гостувањето кај Влазрими со 1:0.
По две години пауза Македонија Ѓорче Петров се врати во елитата и тоа откако многу тешко во неизвесен дерби натпревар го совлада тимот од и тоа со голот од пенал на Бобан Јанчевски постигнат во 75-тата минута.
Табела: *Победа 44 бодови, *Македонија ЃП 43, Тетекс 39, Влазрими 38, Пелистер 36, Скопје 35, Љубанци 34, Еуромилк ГЛ 33, Гостивар 30, Кожув 17.