Категории

Македонија со победничка стратегија на Евровизија: Нема да верувате кој ќе ја тренира Јана за големата сцена!

По премиерата, песната  „Dance alone“ со која Јана Бурческа во месец мај ќе ја претстави Македонија на Евровизија во Киев, наиде на бура од позитивни критики не само кај нас, туку и низ Европа.

Дека можеме уште сега да се гордееме со годинешната песна, покажуваат многу странски новинарски статии според кои Македонија оваа 2017 година ќе кортира меѓу најдобрите.

За ова евровизиско издание освен тоа што продуцентот -Македонската телевизија избра песна од странски автори, за кореографијата на сцената ќе се погрижи Амбра Сучи која досега има реализирано танчарски кореографии за бројни телевизиски шоуа.

Исто така, таа беше задолжена и за кореографијата на евровизиската претставничка од Бугарија за 2016, Поли Генова, но и за победничката од 2012 година Лорин, која настапи со популарната „Euphoria“.

Оваа информација е објавена на официјалната евровизиска страница како дополнување на промотивното видео за „Dance alone“.

Извор: Вистина.мк

Прегледи:
325
Објавено на:
15.03.2017