Категории

МАКЕДОНСКА ТРОЈКА – ТРИТЕ ДЕВОЈЧИЊА ГИ КРСТИЛЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Сестрите Вера и Љуба имаат заедничка прослава, тие го слават нивниот именден , христијанскиот празник по библиските имиња Вера, Надеж и Љубов. Родени пред 66 години во Велес во семјеството Слабеви, како прва повоена македонска тројка , нивните  кумови имале храброст во тоа време, која иако се родила на 20 јули, да и ги дадат имињата на трите православни маченички чиј ден се одбележува денес  на 30-ти септември.

Знам дека не крстиле дале кумовите Пандорка и Ацо, барале сродни, блиски имиња за родителите лесно да не помнат. Горда сум што сме единстената тројка не само во Македонија туку и пошироко на Балканот,  три сестри, со такви христијански имиња а поврзани со овој празник. Можеби е ова пример и за пошироко во христијанството, но не знам – вели  Љуба Крстиќеска  која живеее во Скопје .

Таа на овој ден со сестрата Вера одат на гробот на нивната трета близначка Нада која починала пред десетина години. Потоа се навраќаат дома и на спомените на изминатите години. Според кажувањата на мајка им Ангелина , се родиле дома, во куќа во центарот на Велес и биле моше ситни, по еден килограм, прооделе дури на три години поради нивната нејакост.

Од тие причини пак таткото Димче уште на шест месеци изнајмил куќа во Охрид каде живееле три години. Иако бил занаетчија а мајката домаќинка, со нивниот постар брат Лазо имале среќно детство, а живееле во време на купони и оскудица. Како прва повоена тројка како кум се водел тогашниот водач на СФРЈ, Јозип Броз Тито.

Иако велешани велат кум ни беше Тито, ние со него се немаме сретнато, видено или слушнато. Најверојатно поради тоа што сме биле тројка која се родила веднаш по звршувањето на војната во 45-та, тогашното македонско раководство решило како кум да се води Тито. Во детството сме добивале пакети и подароци но многу корист во животот подоцна  од тоа немавме – вели Вера Слабева Јанева.

За прв пат сестрите се разделиле во средно училиште, Нада  во Хемиско а Вера и Љуба завршуваат Гимназија по што   двете продолжуваат во Скопје на филозофски, група педагогија. Нада се вработува во велешка Маслодајна и нејзиното име се поврзува со производството на далеку познатиот маргарин ,,кристал,, .

Таа беше на усовршување во Врбас во 1965 година за по нејзиното враќање, стекнатото знаење го употреби за создавање на  познатиот маргарин коцка ,,кристал,, која го вооведе во производство три години подоцна – објаснува Вера. Тие дури во 1981-ва на средба на тројките од тогашна Југославија во Горњи Милановац дознале дека не се еднојајчени. За овој раритет, дека ги носат имињата на трите православни маченички, Вера, Надеж и Љубов, сестрите Вера, Нада и Љуба дознале пред петнаесетина години.

Работев како педагог во основно училиште и на 30-ти септември, една колешка ми вели, ајде да честиш, денес ви е именден на трите сестри,,. Тогаш за прв пат разбравме , но затоа оттогаш не пропуштаме да се дружиме на овој ден, бидејќи со сестрами Љуба сме оддалечени, таа во Скопје јас во Велес. Горди сме што имаме благословени,  библиски имиња, тоа чувство е возвишено – додава Вера.

Извор –  ТиРековМиРече

Прегледи:
813
Објавено на:
30.09.2016